Posts

Легенди за манастирот Трескавец

Image
Трескавец  е манастир  во областа Пелагонија  , на 10 километри од градот Прилеп. Народната традиција го зачувала споменот за изградбата на манастирот Трескавец. Еве што вели самото предание: „Местото Светец е една ширинка на запад ко ќе одиш од Маркови Кули , пред Црвени Стени пред да дојдиш, широка ледина позната како Светец. Таму сакале мештаниве да го градат манастиров, црквава. Се вели дека тука мајсториве работеле дење, меѓутоа ноќе се забележувала некоја необична светлина која се движела некаде околу полноќ, како да поминува некоја невидлива сила, некој светец кој свети, ќе трепка, ќе замини и оди кон Богоројца. И таму ги најдувале алатите остаени, кај шо е Трескавец сега манастиро. Утрото пак ги земале, пак граделе, нели започната градба, меѓутоа пак, пак истото се случува до вечерта граделе, од вечерта се појавува светлина, утрото алатите ги нема, на два-три пати то се случило, ете божја волја е тука да не се гради и отогаш таја светлина не се појавила. Се...

Легенди за слонот во Прилеп

Image
Дека природата изработува исклучителни дела доказ е атрактивната карпа на слонова глава, создадена од две природно споени карпи во археолошкиот комплекс Маркови кули. Познатиот истражувач Роберт Рипли го претставил како мало чудо на природата. Камениот слон, кој на некои им личел и на штрк, е висок околу осум метри и поставен на карпест постамент во подножјето на кулите. Од слонот, Прилеп се гледа како на дланка. Тоа упатува на можноста дека жителите од древните населби Варош и Маркови кули биле активно вклучени во духовниот и материјален живот врзан за слонот. Заедно со околните гробови во карпестите површини, може да се заклучи дека тој простор и слонот биле култно место за повеќе ритуали. На повисокиот дел од карпата се препознава издлабена камара во која сè уште се видливи остатоци од фрескоживопис. За жал, не може да се открие кој е светецот на фреската, бидејќи е сериозно оштетена. Луѓе што имале направено лоши дела доаѓале до слонот, во камарите секогаш полни со вода на мие...

Прилепски дијалект

Image
Дијалектот на Прилеп, во срцето на пелагониската рамнина, претставува основа за стандардниот македонски јазик што се зборува денес. Кога Социјалистичка Република Македонија беше создадена во Југославија во 1944 година и јазикот беше признаен национално наредната година, Прилеп, заедно со Велес, беше избран за центар на јазикот поради нивната централна позиција на македонската мапа. Овој дијалект спаѓа во подгрупата на централни дијалекти на  западното наречје   на   македонскиот јазик . Дијалектот се зборува на територијата на цела   Пелагонија , поточно во  Прилепско  и   Битолско Поле , во источните потпелистерски села, во селата кои се наоѓаат во   Цапарско Поле , во   Крушевско , како и во областа   Железник (Демир Хисар) . Дијалектот е застапен во градовите   Прилеп   и   Битола , малите гратчиња   Демир Хисар   и   Крушево   и во 245 села кои гравитираат околу овие градови. Според пописот од 1953...