Легенди за манастирот Трескавец
Трескавец е манастир во областа Пелагонија , на 10 километри од градот Прилеп.
Народната традиција го зачувала споменот за изградбата на манастирот Трескавец. Еве што вели самото предание: „Местото Светец е една ширинка на запад ко ќе одиш од Маркови Кули, пред Црвени Стени пред да дојдиш, широка ледина позната како Светец. Таму сакале мештаниве да го градат манастиров, црквава. Се вели дека тука мајсториве работеле дење, меѓутоа ноќе се забележувала некоја необична светлина која се движела некаде околу полноќ, како да поминува некоја невидлива сила, некој светец кој свети, ќе трепка, ќе замини и оди кон Богоројца. И таму ги најдувале алатите остаени, кај шо е Трескавец сега манастиро. Утрото пак ги земале, пак граделе, нели започната градба, меѓутоа пак, пак истото се случува до вечерта граделе, од вечерта се појавува светлина, утрото алатите ги нема, на два-три пати то се случило, ете божја волја е тука да не се гради и отогаш таја светлина не се појавила. Се верува дека во одреден период во годината, обично во летно време при полна месечина ко ќе биди, некаде пред празнико Св.Илија ако бидиш буден че можиш да ја видиш таа светлина, светецо како врви, само треба да останиш буден во то време, ако бидиш таму на тоа место“.

Comments
Post a Comment